Се организира јавен увид за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на објекти со намена E 1.13 – површински соларни и фотоволтаични електрани (фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште) до 1 MW на КП 2228, КП 2229, КП 2230 и КП 2153, КО Крушево вон град, општина Крушево.
Проектниот опфат е со површина од 1,54ха и се наоѓа на територијата на Општина Крушево, односно КО Крушево вон град, северозападно од градот Крушево на оддалеченост од околу 2км, на надморска висина од околу 1270-1310м. Во состав на проектниот опфат влегуваат четири катастарски парцели: КП 2228, КП 2229, КП 2230 и КП 2153, КО Крушево-вон град, Општина Крушево.
Јавниот увид се организира со излагање на планот во Центарот за информирање на граѓаните на Општина Крушево и во просториите на Одделението за урбанизам, комунални работи и заштита на животната средина на општина Крушево, соба број 23, секој работен ден од 08:00 до 15:00 часот, а ќе трае 15 денови, почнувајќи од почнувајќи од 24.04.2026 година до 08.05.2026 годинa. Во исто време ќе се спроведува и во електронска форма преку информацискиот систем е – урбанизам, а ќе биде објавена и на веб страната на општината www.krusevo.gov.mk.
Предлог Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на објекти со намена E 1.13 – површински соларни и фотоволтаични електрани (фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште) до 1 MW на КП 2228, КП 2229, КП 2230 и КП 2153, КО Крушево вон град, општина Крушево, во печатена форма ќе биде истакнат во просториите на Центарот за информирање на граѓаните на општина Крушево и Одделението за урбанизам, комунални работи и заштита на животната средина на општина Крушево. Сите заинтересирани субјекти, физички и правни лица во предвидениот рок, на анкетни листови ќе можат да ги достават своите забелешки, мислења и предлози по предлогот на планот. Анкетните листови можат да се подигнат во соба број 23 секој работен ден од 08:00 до 15:00 часот.
Општина Крушево
Градоначалник, Нико Чонески
Соопштение за организирање на јавен увид
Анкетен лист
Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на објекти со намена E 1.13 – површински соларни и фотоволтаични електрани (фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште) до 1 MW на КП 2228, КП 2229, КП 2230 и КП 2153, КО Крушево вон град, општина Крушево