Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Одделение за правни и општи работи и јавни дејности

Контакт телефон на Одделение за правни и општи работи и јавни дејности:  

тел. 048/477-061

 

Раководител: 

 

Одделението за правни и општи работи и јавни дејности ги врши работите што се однесуваат на:

  • подготвување на нормативните акти (одлуки и други општи акти) од надлежност на Советот и Градоначалникот на општината;
  • давање на мислење на прописи од аспект на нивна законитост кога предлагаат други органи;
  • вршење на стручни и организациски работи за функционирање на Советот и неговите тела, односно Градоначалникот на општината,
  • организирање, грижа за работата на Месната самоуправа;
  • грижа за извршување на одлуките од надлежност на Советот,
  • правна помош на граѓаните, постапува по претставки и предлози;
  • информирање на корисниците на услугите за полесно остварување на нивните права;
  • информативни и протоколарни работи за потребите на Советот и Градоначланикот;
  • подготовки за цивилна заштита;
  • канцелариско работење кое го опфаќа приемот, отворањето, евиденцијата и испраќањето на актите на органите на општината, архивското работење, дактилогравските работи, секретарски работи за Градоначалникот и Претседателот на Совет,
  • основање,и администрирање на основните и средните училишта во согласност со закон;
  • следење на состојбите во делот на прашањата, проблемите и потребите на етничките заедници и предлага мерки и активности за нивно разрешување, во рамките на надлежностите кои Општината задолжително ги извршува;
  • давање мислење и анализа на програмите, извештаите и други акти на училиштата, пред усвојувањето во Советот;
  • следење на работата на училишните одбори и постапката за избор на директори на училиштата;
  • институционална поддршка на културните установи и проекти;
  • изготвување проекти и програми за организирање културни манифестации;
  • следење на културните манифестации во општината;
  • развој на масовниот спорт и рекреативните активности;
  • организирање спортски активности и манифестации;
  • поддршка на спортски сојузи;
  • следење на состојбата и прописите и давање мислење во областите на образованието(претшколско, основно и средно),културата,спортот, здравството,социјалната заштита и заштита на децата, предлага мерки и активности што треба локалната власт да ги преземе;
  • во рамките на законските надлежности;
  • координирање на работите помеѓу локалната самоупрва и примарното здравство, социјалната заштита и другите јавни дејности предвидени со Законот за локална самоупрва.
  • следење на функционалноста на објектите на установите во овие области;
  • предлагање на мерки и активнасти што треба Советот и Градоначалникот да ги превземат;
  • информатичко технички работи;
  • следење на развојот на информатичката технологија и нејзиното вклучување во функционирањето на општината,
  • работи за возниот парк и други помошно-технички работи;
  • и други работи што ќе му бидат ставени во надлежност согласно законите и другите прописи.

 

Образец за барање на информации од јавен карактер - Превземи

Мени за пристапност