Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Одделение за инспекциски надзор – инпекторат

Одделение за инспекциски надзор – инспекторат 

тел. 048/477-076

 

Одделението за инспекциски надзор-Инспекторат ги врши работите што се однесуваат на:

  • инспекциски надзор над вршењето на работите од надлежност на Општината, врз основа и во согласност со закон и координација на својата работа со другите одделенија во рамките на општинската администрација и други дејности од надлежност на општината;
  • инспекциски надзор над примената на одредбите на законите и прописите кои се однесуваат на урбанизамот и просторното планирање, заштита на животната средина, комуналната хигиена, патниот сообраќај, над утврдувањето и наплатата на даноците на имот, туризмот и угостителството,образованието и спортот и други области од надлежност на општината;
  • надзор на јавните претпријатија основани од Општината над физички и правни лица на кој Општината им дала дозвола за вршење на комунална дејност;
  • вршење увид на лице место и изготвување записници;
  • донесување решенија во управна постапка за извршен надзор;
  • поднесување пријави до надлежните државни органи;
  • следење на проблематиката од областите на надлежност на Општината;
  • вршење на анализа на состојбата, доставува извештаи и дава иницијативи и предлози за нивно решавање и
  • и други работи согласно законите и другите прописи.

Мени за пристапност