Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Одделение за финансиски прашања

Контакт телефон на одделението за финансиски прашања:
тел.: 048 477 919

 

Раководител: 

Милка Најденоска Цветкоска,  тел. 075 739 430

 

Одделението за финансиски прашањаги врши работите што се однесуваат на:

  • следење и примена на законите и подзаконските акти од областа на буџетското и материјално – финансиското работење;
  • управување, следење и контрола на состојбата и движењето на средствата иизворите на средствата на субјектот утврдени со буџетот;
  • подготвување, извршување и известување за извршувањето на буџетот за општината;
  • подготовка на стратешкиот план на општината;
  • изменување и дополнување на буџетот и стратешкиот план на општината;
  • контрола на подготовката и извршувањето на буџетот;
  • спроведува ex-ante и ex-post финансиска контрола;
  • изготвувањето на финансиски план за извршувањето на буџетот (месечен, квартален и годишен) за субјектот, органите во состав и единките корисници наопштината;
  • следењето на остварувањето на приходите и извршувањето на трошоците на општината;
  • сметководствено евидентирање за извршувањето на буџетот и подготвување нагодишна сметка;
  • подготовување на Годишен финансиски извештај, освен извештај за извршенитеревизии и активности на внатрешната ревизија, кој ги подготвува одделението завнатрешна ревизија, а е составен дел од овој извештај, согласно член 47 одЗаконот за јавна внатрешна финансискаконтрола (“Службен весник на РепубликаМакедонија“ бр. 90/09);
  • благајничко работење;
  • подготовка, примање, ликвидирање и контрола на сметководствената документација;
  • пресметувањето и исплатата на платите на вработените во општината
  • и други работи согласно законите и другите прописи.

Мени за пристапност