EN
MK
 

Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

С О О П Ш Т Е Н И Е за организирање на повторна јавна презентација и јавна анкета за предлог Урбанистички план за село Норово, Општина Крушево (плански период 2021-2031 година)

С О О П Ш Т Е Н И Е за организирање на повторна јавна презентација и јавна анкета за предлог  Урбанистички план за село Норово, Општина Крушево (плански период 2021-2031 година)

Врз основа на член 22 став (1) точка 1 и член 50 став (1) точка 4 и 5 од Законот за локалната  самоуправа („Службен весник на РМ” бр. 5/02 и „Службен весник на РСМ” бр.202/24), член 28 и член 50 од Законот за урбанистичко планирање („Службен весник на РСМ“ бр. 32/20, 111/23, 171/24, 224/24, 40/25, 101/25 и 127/25) како и донесената Програма за финансирање на изработка на урбанистички планови за 2026 година бр. 08-1219/13 од 03.12.2025 година, донесени од Советот на општина Крушево, Градоначалникот на општина Крушево објавува:

СООПШТЕНИЕ за организирање на повторна јавна презентација и јавна анкета за предлог  Урбанистички план за село Норово, Општина Крушево (плански период 2021-2031 година)

Се организира повторна јавна презентација и јавна анкета за предлог Урбанистички план за село Норово, Општина Крушево (плански период 2021 – 2031 година).

Границата на планскиот опфат го опфаќа селото Норово, КО Норово, Општина Крушево.

Вкупната површина во границите на планскиот опфат изнесува 70 ха.

Повторната јавна анкета се организира со излагање на планот во Центарот за информирање на граѓаните на Општина Крушево и во просториите на Одделението за урбанизам, комунални работи и заштита на животната средина на општина Крушево, соба број 23, секој работен ден од 08:00 до 15:00 часот, а ќе трае 15 дена, почнувајќи од 16.03.2026 година до 31.03.2026 годинa. Во исто време ќе се спроведува и во електронска форма преку информацискиот систем е – урбанизам, а ќе биде објавена и на веб страната на општината www.krusevo.gov.mk.

Јавната презентација како стручно презентирање на планот, се организира во рамките на јавната анкета и трае еден работен ден, а ќе се одржи на 25.03.2026 година (среда), во 12:00 часот во просториите на Одделението за урбанизам, комунални работи и заштита на животната средина на општина Крушево.

Предлог Урбанистичкиот план за село Норово, Општина Крушево (плански период 2021 – 2031 година) во печатена форма ќе биде истакнат во просториите на Центарот за информирање на граѓаните на општина Крушево и Одделението за урбанизам, комунални работи и заштита на животната средина на општина Крушево. Сите заинтересирани субјекти, физички и правни лица во предвидениот рок, на анкетни листови ќе можат да ги достават своите забелешки, мислења и предлози по предлогот на планот. Анкетните листови можат да се подигнат во соба број 23 секој работен ден од 08:00 до 15:00 часот.


Општина Крушево

Градоначалник,

Нико Чонески

Јавен повик за повторна ЈА и ЈП – УПС Норово

Соопштение за организирање на повторна ЈА и ЈП – УПС Норово

Анкетен лист – повторна ЈА и ЈП – УПС Норово

УПС Норово – синтезен план

Мени за пристапност