На големо задоволство, Градоначалникот на Општина Крушево ги прими учениците од ООУ „Никола Карев“ кои изминатиов викенд со свои литературни творби и цртежи се натпреваруваа на неколку меѓународни натпревари.
Имено, на деветтиот меѓународен детски фестивал на детска поезија „Детско царство“ во Бања Лука, Босна и Херцеговина во конкуренција на шеесете финалисти, ООУ „Никола Карев“ го прествуваа ученичката Михаела Талеска под менторство на наставникот Агапи Чункоска и Антина Проеска под менторство на наставничката Александра Ангелеска. Освен дипломи за учество Михаела Талеска освои и трето место за својата литературна творба „Шумски поштар“.
Додека пак на интернационалниот фестивал на детско ликовно, литературно, драмско и филмско творење „Креативна магија“ во Бања Врујци и Мионица, Србија помеѓу претставниците од Македонија, Србија, БиХ, Хрватска, Словенија, Црна Гора, Бугарија, Турција, Малезија и Филипини се натпреваруваа и претставниците од ООУ „Никола Карев“ – Симона Рујаноска, Марта Штерјоска и Михаела Гиноска во придружба на наставничката Захарица Рујаноска и директорката Сузана Божиноска кои пак одржаа свои работилници.
На крајот од средбата Градоначалникот истакна дека навистина е задоволство да се биде во присуство на толку талентирани ученици при тоа посакувајќи им уште поголеми успесии и на учениците и на наставниците.