Со церемонија за свечено отворање беше прогласен стартот на четиринаесеттиот европски шампионат во параглајдерство.
Шампионатот ќе се одржува на Мечкин Камен во Крушево, во периодот од 10-20 август, а ќе учествуваат вкупно 30 репрезентации.
Крушево продолжува да ги привлекува љубителите на алтернативните спортови и да претставуваа пожелна дестинација на сите кои сакаат да уживаат во овие спортови.
За сите други, посетете го Крушево во овој период и восхитувајте се на несекојдневните глетки на небото над Крушево.