Општина Крушево трета година по ред традиционално го организира турнирот во мал фудбал во рамките на манифестацијата ,,Крушевско спортско лето,, оваа година коорганизатор е ФК Питу Гули од Крушево. Турнирот се одржува на спортското игралиште на СРЦ ,, Гумење,, од 09.08.2016 до 20.08.2016 година. Од година во година заитересираноста е се поголема, оваа година пријавени се 16 екипи не само од градот Крушево туку и од околните населени места и градови. Се пријавиа две екипи од Норово и Пресил по една од Бучин, Прилеп и Битола и 9 екипи од Крушево. Екипите се подделени во 4 групи по 4 екипи, најдобрите две екипи од групите играат четвртфинални натпревари. Полуфиналето се игра на 18.08.2016 (четврток) од 17:30 и 18:30. Натпреварот за трето место се игра на 20.08.2016 (сабота) во 17:00 часот додека финалето е закажано за во 18:00 часот.