Започна унгарскиот дел од програмата во рамки на Манифестацијата НКС „Десет дена Крушевска Република“ со полагање на цвеќе во чест на унгарските бегалци кои престојувале во Крушево во 1956 година и со кратка културна програма, а официјално беше отворен кампот кој Унгарската амбасада го организира традиционално секоја година во Крушево.
На настанот покрај градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски присуствуваа и градоначалникот на Демир Хисар Марјанче Стојановски, Амбасадорот на Унгарија Н.Е. Ласло Истван Дукс и претставници на здруженија и институции од Србија, Унгарија и други.
Во рамки на овој ден ќе се одржи промоцијата на книга „Под пазувите на коријата“ на профеорот Никола Јованоски, а во вечерните часови музичка програма во центарот на Крушево.