Денес во Крушево градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски, претставници од Манифестацијата НКС „Десет дена Крушевска Република“, Советот на општина Крушево, владини претставници и политички партии оддадоа почит на Илинденците и сите борци, а на Мечкин Камен се одржа манифестација која опфати повеќе етникуми.
Претставниците од погоре споменатите институции положија цвеќе на гробовите на Илинденците и Партизаните, а премиерот на Република Северна Македонија одржа свое обраќање на Мечкин Камен пред повеќе од 10 000 присутни.
По завршувањето на настанот градоначалникот на општина Крушево порача дека на достоинствен и со почит кон сите граѓани на државата се одбележа големиот празник Илинден.
„Денес го видовме вистинскиот сјај на Илинден и на мирен и достоинствен начин оддадовме почит на паднатите борци. Манифестацијата на Мечкин Камен имаше содржини кои на најдобар начин го отсликаа соживотот во Крушево меѓу 3 различни етникуми со претставување на културна програма од македонскиот, албанскиот и влашкиот народ. Го враќаме сјајот на овој голем државен празник“, изјави градоначалникот Христоски.