По завршувањето на манифестацијата за одбележување на празникот Илинден јавното комунално претпријатие „Комуна“ започна со чистење на целиот простор на Мечкин Камен. На работниците им се приклучи и градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски и порача дека хигиената е еден од приоритетите за локалната самоуправа.
„Денес поминавме еден убав ден. Го одбележавме празникот Илинден на еден достоинствен и мирен начин со многу посетители од цела држава. По завршувањето веднаш пристапивме кон чистење на просторот за од утре истиот да може да се користи за пикник и прошетки на крушевчани и сите туристи во Крушево“, изјави градоначалникот.