Утре, 26 септември со почеток во 12 часот во домот на култура „Наум Наумовски Борче“ Крушево ќе се одржи дискусија на тема „Унапредување на демократското управување преку граѓанско учество во работата на општина Крушево“.
Дискусијата е во организација на ОБСЕ и општина Крушево, а на истата се поканети претставници на институции, граѓански организации, претставници од приватниот сектор и сите граѓани на општината.