Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски одржа средба со претседателот на општина Пантелеј, град Ниш, Република Србија, Братимир Васиљевиќ.
Повод за денешната средба е 16-тото Светско првенство во параглајдерство кое се одржува во Крушево, а во Србија ќе се одржи Европско првенство во истиот спорт.
Градоначалниците разговараа и за нивната работа во општините и како Ниш и Крушево би можеле да соработуваат, особено во областа на авантуристичкиот туризам.

