По вчерашниот почеток на работите околу изградба на фекална канализација прва фаза во с. Норово градоначалникот на општина Крушево најави дека се изработуваат проекти за канализации и во неколку други останати села од општината.
„Во Норово започнавме со работа на терен и официјално после долгите очекување на моите сограѓани од овој дел на општината, во завршна фаза е изработката на проектот за изградба на каналзиација во с. Алданци, а дополнително ќе се изработуваат проекти за селата Борино, Јакреново, Саждево, Пресил, Врбоец и Св. Митрани. По изработката на проектите тие ќе влезат во процедура на аплицирање, нивно финансирање и се надеваме за скоро и нивна имплементација.“, изјави градоначалникот на општина Крушево.
Вчера (14.11.2019) се означи почетокот на изградба на фекална канализација во с. Норово и асфалтирање на пат во должина од 2 и пол километри до с. Саждево, а од понеделник официјално започнува имплементацијата на проектот за изградба на цевковод во Саждево.
Покрај претходно наведените проекти во општина Крушево во тек се уште неколку:
- Изградба на гробно место на Тоше Проески,
- Асфалтирање на пат до Крушевско езеро
- Асфалтирање на пат од с. Борино до Житоше (општина Долнени),
Вкупна вредност на тековните проекти: 874 203 евра.