Проблемите на кои граѓаните посочуваа во с. Борино се надминуваат. Од јавно претпријатие „Комуна“ Крушево известуваат дека се преземени мерки за да се спречи манипулирање на системот на водоснабдување и ги повикуваат жителите на Борино во полиција да го пријават секој обид да се наштети на системот.
„Веднаш по реакциите излеговме на терен и комунициравме со граѓаните, пред се’, а потоа направивме увид во системот за водоснабдување. Очигледно беше дека системот беше пробиван и затоа сограѓаните се соочуваа со недостаток од вода. Во с. Борино се изгради нов резервоар за вода и не смееме да дозволиме после таква инвестиција нашите сограѓаните да немаат вода. Благодарам на разбирањето и трпението и заедно со граѓаните ќе продолжиме со работа.“, изјави вд директорката на ЈП „Комуна“ Крушево Станка Ефремова Трајкоска.