Општина Крушево објавува тендер за изработка на техничка документација за изградба на пат од Крушево до манастирот Св. Спас и црквата св. Василие.
Градоначалникот на општина Крушево Томе христоски изрази задоволство што овој тендер се објавува на денот на христијанскиот празник Св. Спас.
„Драго ми е што токму денес го објавуваме овој тендер, на денот кога се добележува празникот св. Спас уште еден празник кој е дел од богатата традиција на крушевчани. Сакаме да изработиме проект за овој дел и со тоа да го трасираме патот за изградба на пристапен пат до двата манастири“, изјави градоначалникот Христоски.
Огласот за јавна набавка погледнете го на линкот подолу.
https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie/bd37271b-d8d4-469d-beee-ac1ae76d14d6/13