На иницијатива на градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски Советот на општина Крушево донесе одлука со која дава согласност општината да аплицира до Министерството за транспорт и врски, проект „Водоснабдување и одведување на отпадни води“, преостанати средства од заемот од Европска инвестициона банка, за изградба на канализација во населено место Пресил.
„Во тек е изградба на фекална канализација во с. Норово, а општината изработува проекти за канализации во 8 населени места. Основниот проект за Пресил е готов и веднаш ќе аплицираме за средства до Министерството за транспорт и врски. Очекуваме да добиеме средства и веднаш да почнеме да работиме на каналзиацијата во Пресил, а во иднина да продолжиме со имплементација на вакви и слични проекти и во другите населени места, со поддршка на централната власт“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.