Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ДОСТАПНОСТ НА ДОКУМЕНТ – Реконструкција на општински пат – врска со Р1306 – село Врбовец – село Св.Митрани, Општина Крушево и Општина Кривогаштани

Крушево Општина Крушево

Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ” кој се реализира од страна на Единицата за имплементација на проект при Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, Општина Крушево аплицираше со проект за “ Реконструкција на општински пат – врска со Р1306 – село Врбовец – село Св.Митрани, Општина Крушево и Општина Кривогаштани”.

Согласно Рамката за животна средина и социјални аспекти изготвена врз основа на барањата на Светска Банка  за Проектот, беше подготвен документ “Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти” во кој се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од планираните активности на Проектот.

Документот “Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти” ќе биде ставен на јавен увид на официјалните веб страници на:

Министерството за транспорт и врски (https://www.mtc.gov.mk) и на

Општина Крушево https://krusevo.gov.mk  на 09.12.2021 и

Општина Кривогаштани Кривогаштани – Единица на локална самоуправа (krivogastani.com) на 09.12.2021.

Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од поставување на документот на веб страна.

Министерството за транспорт и врски

Единица за Имплементација на Проектот

 

Во прилог останати документи за потребите на проектот

Мени за пристапност