Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски учествуваше во акција за пошумување која се одржа во Крушево во организација на подружницата на Нацинални шуми „Липа“.
„Пошумувањето е висок чин на свесност, одговорност и грижа за местото во кое живееме. Оваа акција е дел од редовната програма за пошумување, но ние секоја година заедно и со приватни субјекти вршиме пошумување. Ги обновуваме белите дробови на нашата општина!“, изјави градоначалникот Христоски.