Општина Крушево доби нова донација од маски од општествено одговорната компанија Тритекс Трејд од Прилеп.
Компанијата Тритекс Трејд од Прилеп досега има донирано над 15 000 маски, а во своето општествено одговорно делување не го одмина Крушево, локалната самоуправа, здравствениот дом, приватен сектор и други. Општина Крушево изразува голема благодарност на компанијата за оваа помош за граѓаните на општина Крушево.