Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Донација на заштитни визири за засегнатите институции од корона вирусот

Донација на заштитни визири за засегнатите институции од корона вирусот

Општина Крушево започна со донација на заштитни визири кои се изработуваат од неколку волонтери и ентузијасти од Крушево.

Во текот на вчерашниот ден извршена е донација на околу 300 визири во здравствениот дом во Крушево, а на официјалното примопредавање покрај градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски присуствуваше и директорот на Фондот за здравство во Крушево Нико Петроски.

„Денеска започнавме со донирање на околу 300 заштитни визири, заедно со директорот на Фондот за здравство во Крушево, млади ентузијасти и волонтери кои ни помогнаа во изработката. Визирите ги изработивме за потребите на најизложените служби како: ЈЗУ Здравствен Дом Крушево, итната медицинска помош, лабораторија, сите приватни ординации во нашата општина, полицијата и ТППЕ Крушево.

Здравствен Дом Крушево дополнително ќе добие и заштитни скафандери за прифаќање итни случаеви со симптоми на вирус.“, изјави градоначалникот на општина Крушево.“ рече градоначалникот Христоски.

Мени за пристапност