Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски денес (04.04.2019) направи увид во инфраструктурните активности кои на ниво на општина Крушево се во тек.
Најпрво градоначалникот Христоски направи увид во санацијата и реконструирањето на дел од улицата Партизанска, која покрај реконструирањето на улици во с. Норово и с. Саждево, чија реализација е во тек, е само дел од она што се планира да се реконструира во текот на оваа година.
Во населеното место Бучин течат активности за чистење на јазот со механизација која од денеска е на терен.
„Во тек се активности на локаланта самоуправа на територија на речиси цел општина. Во Бучин работиме на чистење на јазот, во Норово, Саждево и град Крушево реконструираме по една улица, во с. Пресил веќе се работи на приклучување на домаќинства и куќи на водоводна мрежа за подобро водоснабдување, во с. Саждево по спроведениот крак водоводна мрежа од 300 метри се работи на приклучоци на куќи и домаќинства.“, порача градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.
Подолу можете да погледнете фотографии и видео од тековните активности.


