Почитувани,
Апелираме до сопствениците на коњи, чии домашни животни се движат во дворното место на НУ спомен куќа „Тодор Проески“ и на месноста „Гумење“, да се погрижат истите да не гравитираат околу овој простор и да не пасат во дворните места на музеите. Овој апел го испраќаме заради безбедноста на граѓаните и посетителите и заради самиот изглед на спомен куќата, Историскиот музеј, „Гумење“ и локалните ресторани.
Овој апел е со намера на најдобронамерен начин да се реши овој проблем за што големи поплаки стигнуваат до општина Крушево и до градоначалникот Томе Христоски.
Ви благодариме на разбирањето.
Со почит,
Општина Крушево.