Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Започнува изградбата на цевковод во с. Саждево

Започнува изградбата на цевковод во с. Саждево

Претставници од Министерство за транспорт и врски, општина Крушево и ЈКП „Комуна“ денес извршија вовед во работа на изведувачот и надзорот за проектот за доградба на цевковод во с. Саждево. Со ова започнува реализацијата на уште еден проект заедно со изградба на фекална каналзиација прва фаза во с. Норово и асфалтирање на пат до с Саждево чиј почеток беше означен минатата недела.

Целосната сума за овој проект изнесува 2 653 498 денари, а целосната вредност на проектите кои се во тек изнесува 874,203.42 евра.

Проектите кои во моментов се реализираат на територија на општина Крушево се следните:

✅ Изградба на вечно почивалиште на Тоше Проески

✅ Асфалтирање на пат кон Крушевско езеро

✅ Изградба на канализација, прва фаза, во с. Норово

✅ Асфалтирање на 2,5 километри пат до с. Саждево

 Изградба на цевковод во с. Саждево

✅ Асфалтирање на пат с. Борино – Житоше (општина Долнени)

Мени за пристапност