Започна асфалтирањето на патот до Крушевско Езеро со што овој дел ќе добие високо квалитетна пристапна патека која ќе ги поврзува спортските игралишта, „Гумење“ и Крушевско Езеро.
„Го урбанизираме овој дел од градот и со нов асфалтен пат ќе се поврзува „Гумење“ со спортските игралишта и Крушевско Езеро. Изградбата на овој пат доаѓа и на барање на организаторите на многу фестивали на отворено, планинарски и велосипедкси тури, риболовни натпревари и друго. Ги заменуваме калта и прашината со асфалт. Крушево се менува!“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.
Проектот чини 11 981 547 денари и истиот е финансиран од Агенцијата за поддршка во земјоделството и руралниот развој.