Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски денес, 24.03.2018, го посети село Бучин каде што водостојот на Црна Река е на критично високо ниво и постои опасност од излевање.
По посетата Градоначалникот Христоски најави дека заедно со директорот на ЈП „Комуна“ ги преземаат сите чекори за спречување и превенирање од евентуално излевање на реката.
„Од понеделник во село Бучин ќе биде присутна екипа на „Комуна“ и соодветна механизација за санирање на насипот покрај реката. Евентуално излевање на реката може да предизвика голема материјална штета за жителите на ова село“, порача Градоначалникот на општина Крушево.