Денес, 03.11.2017г., со почеток во 10 часот се одржа втората седница на новиот состав на Советот на општина Крушево.
Со седницата претседаваше претседателот на Советот Тома Петроски, а дневниот ред содржеше 13 точки.
Дел од точките беа избор на претседатели и членови на неколку комисии: комисија за финансирање, буџет и економски развој, комисија за урбанизам, комунални дејности и заштита на животна средина, комисија за општествени дејности, за статут и прописи и комисија за месна самоуправа.
Седницата се одржа во кабинетот на градоначалникот на општина Крушево, додека конститутивната седница се одржа на 29-ти октомври во Домот на културата во Крушево.