Во понеделник (22.07.2019) во хотел Монтана Палас во 12 часот ќе се одржи трибина на тема „Придобивки од развојот на еко туризмот“ во организација на партијата ДОМ на која ќе учествуваат и претставници од општина Крушево.
На дебатата ќе земат збор Маја Морачанин, претседател на ДОМ, Љупчо Јаневски, директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и претставник од параглајдинг клубот Хели ХЦ од Крушево.
На настанот можат да присуствуваат сите угостители од Крушево, но и сите граѓани заинтересирани за оваа тема.