На денешниот натпревар во нордиско скијање во Мецово, Грција, Ставре Јада го освои првото место, додека Дарко Крстески шестото, предводени од селекторот Ѓоко Динески,
Градоначалникот на Општина Крушево кој деновиве е во Мецово присуствуваше на натпреварот и преку Фејсбук на Јада и Крстески им го честита успехот.
„Честитки за нашите крушевчани!“, напиша Градоначалникот Христоски.