Учениците од СОУ „Наум Наумовски Борче“ од Крушево на средбата со Градоначалникот на Општина Крушево ги искажаа своите искуства и доживувања од кулинарскиот фестивал „Бисер Мора“ во Брач, Хрватска, а од негова страна примија честитки и желби за уште поголеми успеси.
Имено, во периодот од 07 – 10.04.2016 година, во Супетар, остров Брач, Хрватска, се одржа 11-от Меѓународен кулинарски фестивал „Бисер мора“.
Во конкуренција од 14 средни угостителски училишта од Супетар, Трогир, Будва, Љубљана, Шибеник, Загреб, Котор, Сплит, Марибор и Гевгелија, учениците од СОУ „Наум Наумовски Борче“ од Крушево – Ице Дамчески, Денис Велјаноски и Бојан Стојчески, под менторство на професорката Оливера Карева Скола, освоија бронзен медал.Нивното мени се состоеше од: предјадење – македонска рапсодија, главно јадење – крушевска ролада и десерт – пијана круша.
Учениците се натпреваруваа во категорија ЈТ1 – школско тимско натпреварување.