Учениците од ООУ „Никола Карев“ ПУ с.Врбоец со своите наставници ја посетија Општина Крушево, како дел од наставната програма за општествено запознавање на локалната самоуправа.
Децата беа примени од Градоначалникот и вработените во Општината и се запознаа со работните задолженија и обврски како на Градоначалникот така и на Советот на Општина Крушево и општинската администрација.
Безброј поставените интересни прашања на учениците им беа со задоволство одговарани, за што на крајот од нивната посета тие учтиво се заблагодарија.