Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

СВЕЧЕНО ОТВОРЕН ТУРНИРОТ ВО МАЛ ФУДБАЛ ЗА ДЕЦА

Крушево Општина Крушево

Со пригодна свеченост отворен  беше турниорот во мал фудбал за деца од петто до деветто одделение, во организација на општина Крушево,  во рамки на манифестацијата ,,СПОРТСКО ЛЕТО 2015 ,,.  Свој говор одржа Градоначалникот, Г-дин Ѓорги Дамчески, кој истакна  ,, развојот на спортот во општина Крушево е еден од приоритетите на општината  и  преку  вакви манифестации општината ќе го дава својот допринос. Особено приоритет е развојот на училишните спортови со кој се опфатени најмладите,,. Општината обезбеди техничка поддршка за турниорот како и маичка за секој учесник и водачите на екипите со логото од општината и логото на манифестацијата  ,,СПОРТСКО ЛЕТО 2015,, На турнирот учествуваат вкупно 11 екипи од Крушево, Бучин, Норово, Пресил, Борино и Саждево кои се подделени во две групи.

Мени за пристапност