Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Ставре Јада на Олимписки игри во Пекинг, Кина

Ставре Јада на Олимписки игри во Пекинг, Кина

Крушевчанецот Ставре Јада по втор пат ќе настапи на едни Зимски олимписки игри. Игрите ќе се одржат во Пекинг од 4-ти до 20-ти февруари, а Јада ќе настапува на спринт од 1,4 километри и во маратонот од 50 км.

„По втор пат учествувам на едни Олимписки игри во мојот спорт нордиско скијање. Претходно бев учесник на Игрите во Јужна Кореа во 2018-та година. Од 4-ти до 20-ти февруари повторно ќе ги претставувам боите на Македонија.“, изјави Ставре Јада

Општина Крушево и градоначалникот Томе Христоски посакуваат успешен настап во Пекинг.

Мени за пристапност