Сопственикот на текстилната компанија „ФАЛКО“, Стефанос Тахмацидис, на средбата со Градоначалникот на Општина Крушево, Ѓорги Дамчески го информираше за идните планови за проширување на дејноста и потребата од обезбедување на дополнителен простор за работа што би обезбедило вработување на нови 25-30 работници во погонот во Крушево.
Сегашниот погон на текстилната компанија во Крушево е сместен во просториите на страта училишна зграда каде вработени се 30 работници.