Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Со средства од Влада Општина Крушево ќе набави возило за комунален отпад

Крушево Општина Крушево

Општина Крушево заедно со општина Демир Хисар од Буџетот на Република Македонија добија 5 826 538 денари за набавка на возила за комунален отпад.

Проектот се однесува на заштитата на животната средина и туристичките потенцијали, а средствата се добиени преку програмата за развој на плнаските региони.

Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски порача дека преку овој проект ќе се адресираат едни од главните проблеми и потреби на општина Крушево.

„Со овие средства продолжуваме да работиме активно во рамките на општинската хигиена, животната средина, а преку тоа директно позитивно делуваме на туризмот. Исто така и Владата на Република Македонија со ова покажува дека се насочува кон решавање на најгорливите проблеми.“, порача градоначалникот на општина Крушево.

Мени за пристапност