Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Се зголемува бројот на туристи во Крушево, раст од над 50% на ноќевањата

Крушево Општина Крушево

Бројот на туристи во Крушево во првите осум месеци од годинава забележал значителен пораст во споредба со истиот период лани.

Според уплатената туристичка такса мината година во периодот од 1-ви јануари до 25-ти август во Крушево се реализирале 10 975 ноќевања, додека оваа година, за истиот период се реализирале 16 353 ноќевања.

Зголемувањето на бројот на ноќевања повлекува и зголемување на бројот на туристи, а градоначалникот Томе Христоски порачува дека локалната самоуправа работи секојдневно овие бројки да растат во текот на цела година.

„Годинава забележуваме значително зголемување на ноќевањата и тоа е заради настаните кои ги организираме, промовирањето на понудата на градот, соработката со приватниот угостителски сектор, а секако и параглајдинг натпреварите. Продолжуваме да работиме секојдневно бројките да растат“, порача градоначалникот Христоски.

Христоски додава дека зголемувањето на бројот на туристи значи повеќе приход за угостителите и раздвижено и исполнето Крушево.

Мени за пристапност