Општина Крушево го објави огласот за јавна набавка за водоснабдување во с. Јакреново, прва фаза главен довод крак 1.
Овој тендер се однесува на реконструкција на постојна каптажа и изградба на цевковод со пропратни објекти.
Овој проект е 1-ва фаза од целосно решавање на деценискиот проблем со водоснабдувањето на ова населено место, а во тек е аплицирање за изградба на резервоар.
Проектот се имплементира преку Министерството за животна средина.
Целосниот оглас погледнете го ТУКА.