Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски денес во својот кабинет се сретна со гостите од Наводари, Романија, кои присуствуваат во Крушево како дел од соработката со ООУ „Никола Карев“ Крушево и влашката заедница.
Во Крушево изминатите денови присуствуваат ученици и наставници од училиштето Григоре Моисил од Наводари чија посета опфати посета на настава, посета на значајните културни и историски знаменитости и дружба со цел продлабочување на соработката.
Во кабинетот на градоначалникот присутните се согласија повторно градоначалникот на Наводари и претставници од училиштетот да го посетат Крушево со цел да се информираат подетално за бизнис можностите кои се нудат, но и подробно запознавање со културата на градот.
Оваа посета на наставниците и учениците од Григорие Моисил е возвратна посета на студиската посета на ООУ „Никола Карев“ која се случи во мај оваа година.