Денеска, 25.03.2019, се чисти главната сообраќајница во град Крушево од страна на ЈП „Комуна“ со асистенција на противпожарната служба во Крушево.
Во текот на денешниот и утрешниот ден се чисти од чешмата викана „Јаноска“ па се до влезот на градот.
Чистењето на улиците доаѓа по големата акција за чистење која беше спроведена на 21-ви март од страна на локалната самоуправа, „Комуна“, СОУ „Наум Наумовски Борче“, ООУ „Никола Карев“ и граѓани волонтери.
Подолу можете да погледнете фотографии од активностите на терен.