Се реконструира локалниот пат Кривогаштани – с.Свето Митрани – с. Милошево – с. Пресил – с. Бучин во вкупна должина од 7км.
Реконструкцијата опфаќаше проширување на коловозот на 3,5 метри, гребење на постоечкиот асфалт, тампонирање и поставување на нов слој асфалт.
Вкупна вредност на проектот изнесува 430. 000 ЕУР, средства обезбедени од Светска Банка и Европска Инвестициона Банка.