Во понеделник, 02.04.2018, на градскиот плоштад во Крушево со почеток во 12 часот ќе се одржи традиционалниот првоаприлски маскенбал во организација на ООУ „Никола Карев“, СОУ „Наум Наумовски Борче“ и Општина Крушево.
Дел од овој настан ќе бидат детската градинка „Гонча Туфа“, како и гости од ОУ „Св. Кирил и Методиј“ од Бучин и од општина Кривогаштани.