Се одржа првата трка од ФИС Ролер ски купот „Тоше Проески“ на која Ставре Јада со освоено второ место и Викторија Тодороска со 6-то место беа најдобри од македонскиот табор.
Еве ги резултатите од денешната трка во должина од 1,2 километри:
Мажи:
- Милосавлевиќ Милош (Србија)
- Јада Ставре (Северна Македонија)
- Чолиќ Милош (Босна и Херцеговина)
- Анастасијадис Ѓорѓиос (Грција)
- Андониадис Ангелос (Грција)
- Серафим Аргирис (Грција)
- Лопатиќ Стефан (Босна и Херцеговина)
- Крстески Дарко (Северна Македонија)
Жени:
- Илиќ Ања (Србија)
- Ладопулу Параскеви (Грција)
- Кускук Сања (Босна и Херцеговина)
- Војуновиќ Анастасија (Србија)
- Јанаковите Стилијани (Грција)
- Тодорска Викторија (Северна Македонија)
- Тита Нефели (Грција)
- Даноска Михаела
Натпреварот продолжува вечерва во 18 часот со полагање на цвеќе на гробот на Тоше Проески и свечено отворање на настанот во спомен куќата „Тодор Проески“. Утре од 9 часот не очекуваат трки на 12 километри за мажи, 6 за жени, 3 за деца до 14 години и 2 километри за деца до 12 година.
Повторно ги известуваме граѓаните дека патниот правец Крушево- Кривогаштани ќе биде затворен од 9 до 11 часот утре и задутре.