Продолжуваат активностите во с. Норово за изградба на фекална канализација прва фаза, по краткиот застој на работите како последица на пандемијата со коронавирусот.
„Продолжуваме со работа во с. Норово и овој проект ќе го завршиме за многу брзо. Истовремено, мерките се почитуваат и се преземаат сите неопходни чекори за безбедност при работата на работницте. Покрај овој проект во минатото и сега работиме на многу важни проекти за Норово и ќе продолжиме во иднина“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.
Овој проект е имплементиран од страна на Општина Крушево и Министерството за транспорт и врски со средства на Европска инвестициона банка. Проектот чини 10 972 424 денари.