Започнуваат активностите околу изградба на фекална канализација прва фаза во с. Норово проект кој го имплементира општина Крушево во соработка со Министерство за транспорт и врски.
Вредноста на проектот е 10 972 424 денари, средства од Европска инвестициона банка.
Покрај овој проект на територија на општина Крушево во тек се уште неколку проекти:
- Изградба на вечно почивалиште на Тоше Проески
- Асфалтирање на пат до Крушевско езеро
- Асфалтирање на пат од с. Борино до Житоше
- Изградба на фекална канализација во с. Норово
- Асфалтирање на пат до с. Саждево
- Доградба на цевковод во с. Саждево
- Реконструкција на пат од с. Бучин до с Воѓани (општина Кривогаштани)
- Изработка на проекти за изградба на канализации во населените места Алданци, Саждево, Јакреново, Пресил, Борино, Св. Митрани и Врбоец.