На 21 декември 2018 г. општина Крушево потпиша меморандум за соработка под наслов „Да се живее од туризам“ со три крушевски здруженија кои работат во областа на туризмот – Здружение за туризам и угостителство Крушево, Центар за хумани односи Крушево и Крушевска жена.
Со Договорот за соработка потписниците се обврзуваат на заеднички пристап за подобрување на генералната слика на туризмот, привлекување повеќе туристи, соработка меѓу угостителскиот сектор и локалната самоуправа и слично.
Како дел од проектот погоре наведените здруженија одржаа неколку работилници со издавачите на соби и туристички работници, како и претставници од локални институции. На првата работилница се обрати и градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски, а свое излагање имаше и Саша Максимовиќ од Свисконтакт.
По иницијалната работилница се одржа и една фокус група со дел од издавачите на соби и претставник од локалната самоуправа.