Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Потпишан договор за набавка на машина за конструкција ровокопач – натоварувач

Крушево Општина Крушево

Во просториите на Општина Крушево беше потпишан договор  помеѓу Општина Крушево и фирмата „Глобал  Моторс“  ДООЕЛ Скопје, за набавка на машина за конструкција ровокопач – натоварувач.

Вредноста на инвестицијата е 69.300 ЕУР , а средствата се обезбедени преку грант од Европска Унија, менаџиран од Светска Банка.

Рокот за испорака на машината е два месеци од потпишувањето на договорот и истата ќе биде искористена за потребите на општината и тоа: чистење на снег во зимскиот период, чистење на одводните канали и каналите за наводнување како и одржување на локалните патишта.

Мени за пристапност