Денес (08.06.2019) градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски во Влада на Република Северна Македонија го потпиша договорот за изградба на пат од спортскиот комплекс до Крушевско Езеро и изработка на урбанистички планови во населените места.
„Реализацијата на проектите ќе обезбедат подобра патна инфраструктура за младите и за туристичките атракции во делот на комплексот Крушевско езеро, а со изработка на урбанистички планови на селата ќе се обезбеди полесно градење, издавање на одобренија за градба и регулирање на сите дивоградби, но и идни проекти на општина Крушево“, порача градоначалникот Христоски по потпишувањето на договорот со Агенцијата за финансиска поддршка во земјдоелството и руралниот развој и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Реализацијата на двата проекти е во рамки на Програмата за рурален развој, а целосната имплементација ќе чини околу 20 милиони денари обезбедени од Владата на Северна Македонија.