Амбасадорот на ЕУ Н.Е. Дејвид Гир беше почесен гостин во Општина Крушево, со цел посета на инвестициите кои што се реализирани со помош на Европската Унија и кои за нас се многу важни. Во таа насока ќе продолжиме да ја интензивираме соработката со нашите партнери од Европската Унија.
Крушево е признаена туристичка дестинација во меѓународни рамки за љубителите на адреналинот и алтернативниот туризам како од земјава, така и од странство и како потврда за тоа е добиениот проект од ЕУ за прекугранична соработка со Елбасан. Проектот во рамките на Програмата за прекугранична соработка со Албанија, “Крушево и Елбасан – признаена туристичка прекугранична дестинација” има за цел да креира една заедничка туристичка понуда и како што вели самиот наслов создавање на една прекугранична препознатлива дестинација.
Со помош на овој проект нашиот градот нуди содржини по примери на многу балкански и европски дестинации при што посетеноста се зголемува,а тоа се должи на реализацијата на активностите како:
- Изградба на паркинг на полетувалиштето на Мечкин камен
- Поставување на две мерни станици
- Оспособување на патека за „даунхил“
- ЛЕД осветлување на градот
- Заедничка промоција на Крушево и Елбасан (посета на саеми, консолидирана интернет промоција и др.)
- Промоција и поддршка за угостителскиот сектор.