Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Општина Крушево доби плакета за особен придонес во параглајдингот

Крушево Општина Крушево

Градоначалникот на Општина Крушево Томе Христоски  прими плакета доделена од клубот за екстремни спортови „Скајрајдерс“. Плакетите беа доделени на спонзори и поддржувачи на клубот на екстремни спортови, а Општина Крушево доби признание за особен придонес во развојот на параглајдерството.

Во саботата, 9-ти декември 2017г., „Скајрајдерс“ прослави 25 години од своето постоење, а Градоначалникот на Општина Крушево најави дека поддршката за овој спорт во иднина ќе биде многу поголема.

„Крушево е домаќин на многу европски и светски првенства во параглајдинг и од тие причини локалната самоуправа активно работи на подобрување на условите за практикување на овој екстремен спорт“, изјави Градоначалникот Христски.

Мени за пристапност