Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски денес беше во посета на с. Норово каде што во тек се активностите за изградба на фекална канализација прва фаза.
„Продолжуваме со активностите и во градот и во населените места. Со години во овие села не се градело ништо и беше поим да се имплементира вака голем проект. Но, нема да застанеме тука, имаме и работиме на проекти кои ќе продолжиме да ги имплементираме и со тоа ќе ги решаваме проблемите.“, изјави градоначалникот Христоски по посетата на Норово.
Овој проект е имплементиран од страна на Општина Крушево и Министерството за транспорт и врски со средства на Европска инвестициона банка. Проектот чини 10 972 424 денари и истиот се очекува да биде завршен во првата половина од 2020 година.